Марија Јанев од Мелбурн со „Будење“ (Awakening) ги спои 7/8 такт, тапанот и латино ритамот во композиција која го буди духот
Приказната на Марија Јанев личи како една од оние типичните за семејствата кои пред неколку децении се селеа од Македонија во Нов Зеланд, но она што е нетипично е што Марија спасот од ненадејниот културен, географски и општествен шок, го пронашла во својот креативен свет – музиката. Преселена на своја 13 годишна возраст, таа се нашла во средина целосно спротивна...